ВИДЕО+ФОТО | Првата тинејџерка на „лет околу целиот свет“ се обидува да сруши рекорд

тинејџерка лет зара радерфорд авион
Фото: Инстаграм

Тинејџерка се обидува да стане најмладата жена што ќе го прелета целиот свет сама, пренесува „BBC“.

Зара Радерфорд која има 19 години, ќе види 52 земји и ќе го премине екваторот двапати за време на своето патување, кое почнува следниот месец. Тековна рекордерка е Американката Шаеста Вајз, која имала 30 години за време на нејзиниот предизвик во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FlyZolo (@fly.zolo)

Зара Радерфорд, која живее во Белгија, треба да ја започне својата тримесечна обиколка на Земјата од Брисел на 11 август.

„Најголемиот предизвик ќе бидат оддалечените места како северна Русија или Гренланд, нема многу луѓе кои живеат таму, па ако нешто тргне наопаку, ќе се најдам во малку непријатна ситуација. Чувствувам малку нервоза и возбуда, понекогаш и двете“.

Госпоѓицата Радерфорд, која потекнува од семејство на пилоти, започнала да тренира кога имала 14 години и ја добила пилотската лиценца во 2020 година.

„На мајка ми ѝ требаше подолг период убедување, но сепак се согласи, а татко ми ме поддржува и ми помага во логистиката“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FlyZolo (@fly.zolo)

Тинејџерката ќе лета со „Shark UL“, ултралесен спортски авион, кој држи голем број рекорди за брзина. Таа ќе прелета над Атлантскиот океан, Гренланд, Канада и Јужна Америка, до Алјаска, а потоа ќе премине во Русија и Индонезија пред да се врати во Европа. Рутата е избрана за да ги исполни барањата на „Гинисовиот рекорд“ за да биде „лет низ целиот свет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот