Тинејџерка била нападната од крокодил, реакцијата на нејзината пријателка и го спасила животот

Крокодил
Крокодил/ Фото: Профимедиа

Тинејџерка од Британија била тешко повредена при напад на крокодил додека била со пријателите на патување во Јужна Африка, пишува Гардијан.

Амели Озборн-Смит од Хемпшир уживала во рафтинг на реката Замбези под водопадите Викторија во Замбија кога била нападната од ѕвер висок три метри.

Таткото на 18-годишната девојка изјавил дека неговата ќерка ја ставила ногата преку работ на чамецот кога крокодил ја зграпчил околу листот и ја влечел под вода.

„Крокодилот ја виде нејзината нога како виси во вода и помисли „еве ми ручек“, изјави 60-годишниот Брент Озборн-Смит.

Амели ја спасила само брзата реакција на нејзината пријателка која скокнала во водата и налутено го удирала животното во муцката додека тој не ја ослободил жртвата.

Таа со хеликоптер била пренесена во болница во главниот град Лусака на операција која и го спаси животот.

Таа е многу разумна девојка, но во оваа прилика беа на рафтинг од агенција. Таа моментално е во прилично лоша форма во Замбија и правиме се за да ја вратиме овде за нега, но очигледно со каснување од крокодил постои голем ризик од инфекција и ногата и е тешко оштетена. Друг проблем е што Замбија сега е на црвената листа поради Ковид – рече нејзиниот татко.

Пријател на Амели изјави дека ситуацијата за време на нападот била хаотична и дека има крв насекаде.

„Таа е среќна што е жива“

Водичите исто така скокнале во реката во обид да ја спасат.

„На крајот крокодилот се откажа и ја одвлекоа назад во чамецот“, рекол пријател.

Портпаролот на агенцијата потврди дека Амели била на патување со нив, но одби да коментира повеќе детали.

Овој дел од реката Замбези веднаш под водопадите инаку се смета за најбезбеден за уживање бидејќи крокодилите претпочитаат потивки делови низводно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот