Тинејџерите блескаат на УС Опен, Радукану трета квалификантка која ќе игра во четвртфиналето

Радукану игра фантастично во Њујорк/ фото. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Шпанецот Карлос Алкаразс ги воодушеви тениските фанови и стана најмладиот четвртфиналист на УС Опен во модерната ера. Тинејџерката Лејла Феррнандес во Њујорк успеа да победи две поранешни шампионки на УС Опен и поранешни тениски број 1 на ВТА ранг листата, Наоми Осака и Анџелик Кербер, а вечерва уште една тинејџерка испиша историја.

Ема Радукану ја совлада Шелби Роџерс со 6:2,6:1 и стана третата тенисерка која од квалификациите дојде до четвртфиналето на последниот годинешен грен слем турнир.

Роџерс ги освои првите два гема, а потоа тенисерката која е родена во Канада и има романско и кинеско потекло, а настапува за Велика Британија направи неверојатна серија од 11:0.
Противничка на Радукану во четвртфиналето ќе и биде олимписката шампионка Белинда Бенчич која ја победи Ига Швјонтек со 7:6,6:3.

Во машка конкуренција, во дуелот на двајцата тенисери кои прв пат играат во осминафиналето на еден грен слем турнир, Јужноафриканецот Лојд Херис го совлада Рајли Опелка од САД со 6:7,6:4,6:1,6:3 и си закажа четвртфинална пресметка со Александер Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот