Тинејџери убиле стара жена во Британија за да ѝ ја земат пензијата

Две момчиња, на возраст од само 14 и 15 години, се уапсени под сомнение за убиство откако пензионерката Џој Мидлдич (82) починала по грабежот во нејзиниот дом во Сафолк. Жената била пронајдена како лежи на подот од нејзиниот дом, по што во критична состојба била пренесена во болница, каде починала. Причината за смртта допрва треба да се утврди.
Тинејџерите се уапсени и полицијата ги испрашува. Мидлдич била свесна кога ја пронашле и им кажала на роднините и на полицијата дека слушнала врева на вратата, пред двајца маскирани мажи насилно да влезат внатре и да ја соборат на земја.
Нејзината чанта била украдена и пронајдена на улица. Се сомневаат дека тинејџерите упаднале во нејзината куќа за да ѝ ги украдат парите од пензијата.
Блиските на пензионерката изјавиле дека таа била силна и решителна личност која го сакала животот.
– Таа беше љубезна личност која, за жал, прерано ни беше одземена. Ги охрабруваме сведоците или сите кои имаат информации да се обратат во полиција – соопштија од полицијата.