Тинејџери со електрошок ограбиле скопјанец, па на бензински трошеле од неговата картичка

Фото: принтскрин

„Денеска (29.06.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов” со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици“, соопшти полицијата.

При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошок и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот