Тинејџери краделе во спортска обложувалница во Кисела Вода

Фото: МИА

Во текот на вчерашниот ден полицијата уапси две лица од Скопје, кои во текот на вчерашниот ден одземале пари од спортска обложувалница во Кисела Вода.

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11.58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода биле одземени пари, презеле мерки и активности при што било констатирано дека за двете лица постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело, се вели во соопштението од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, тие се задржани во Полициска станица, а по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот