Тинејџер од тетовско ја уценувал малолетната девојка, се заканил дека ќе ѝ објави недолични фотографии

МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ПОЛНАЧ
Мобилен телефон со полнач / Илустративна фотографија / Unsplash / Andreas Haslinger

18-годишен жител на тетовското село Ларце доби кривична пријава откако ја уценувал неговата малолетна девојка со објавувањето на нејзини недолични фотографии, соопшти полицијата.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава Ш.С.(18) од с.Ларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”. На 17.09.2022 било пријавено дека тој испраќал СМС пораки на малолетничка од тетовско, со која бил во љубовна врска, уценувајќи ја дека ќе објави нејзини фотографии со недолична содржина“, велат од МВР.

Видео на денот