Тинејџер од скопско им испратил на другарите експлицитно видео со малолетната девојка

МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ПОЛНАЧ
Мобилен телефон со полнач / Илустративна фотографија / Unsplash / Andreas Haslinger

Жена од скопско пријавила во полиција дека момчето на нејзината ќерка им испратило видео со експлицитна содржина од девојчето на неколкумина, соопшти МВР.

„На 30.01.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 08.00 часот малолетник од скопско село, кој бил во љубoвна врска со нејзината малолетна ќерка, преку мобилна апликација испратил видео со експлицитна содржина од нејзината ќерка на неколку лица“, се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот