Тинејџер од Штип со нож ја расекол 18-годишната девојка од Скопје

Фото: Unsplash

Скопски полицајци вчеравечер на булеварот „Гоце Делчев“ уапсиле 19-годишен жител на Штип, кој претходно ја нападнал и ја расекол со нож 18-годишната девојка во населбата Шуто Оризари, соопшти МВР.

„Синоќа во 20:40 часот на бул.„Гоце Делчев” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип, затоа што околу 16:00 часот на ул.„Пелагонија” во Шуто Оризари – Скопје со остар предмет ја нападнал неговата 18-годишна љубовна партнерка и ѝ нанел расекотини“, велат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот