Тинејџерот на Барселона влезе во историјата и си замина со такси (ФОТО)

Барселона со убедлив триумф од 5:1 над Ференцварош ја започна сезоната во Лигата на шампионите, а едно име се запиша во историјата на клубот и на елитното натпреварување.
Станува збор за 17-годишниот Педри кој влезе во игра во 63. минута.
По само 20 минути на теренот на „Камп Ноу“, Педри ја затресе мрежата на унгарскиот тим и му се приклучи на врсникот Ансу Фати кој даде гол во првото полувреме.
Така Барселона стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој имал двајца фудбалери од само 17 години што постигнале гол на ист натпревар.

Меѓутоа, историскиот подвиг на Педри остана во сенка на неговиот потег по завршувањето на натпреварот. Имено, Педри стадионот го напушти со такси бидејќи се уште е малолетен и нема право на возачка дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот