Тинејџерката го запрепасти светот: Со години го јавала коњот, па одлучила да го изеде!

Facebook

Норвешката тинејџерка се најде во средиште на скандал откако на Фејсбук објави дека го изела месото од сопствениот коњ.

Пиа Олден (18) примила смртни закани кога на друштвената мрежа напишала дека тоа е најубавото месо што некогаш го пробала.

Објаснила дека нејзиното семејство во замрзнувачот сочувало филети од нејзиниот пастув, кој во 2018 година бил успиен поради болест, пренесува Дејли мејл.

Норвешката јавачка и идна готвачка чии родители се земјоделци во Тронделаг, Норвешка, го подготвила месото со чили и манго и напишала:

„Ако веќе јадам ждребешко, нека биде од мојот коњ.“

За норвешкиот весник „Дагбладет“ изјавила:

„Многумина ми напишаа дека заслужувам смрт зашто си го изедов сопствениот коњ, еден ми напиша дека треба да ми го одземат правото да поседувам животни“.

Пиа Олден истакнува дека нејзините најжестоки критичари се нејзини колешки од коњичките спортови, но вели дека тоа бил најдобриот начин да му оддаде почит на својот коњ.

„Зарем подобра опција е коњот да биде закопан и да го изедат црви?“, се прашува Пиа.

Исто така тинејџерката тврди дека поради фактот што пораснала на фарма има пореалистичен однос кон животните и поинаков однос кон месото од оние што ја критикуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот