Тинејџерката го запрепасти светот: Со години го јавала коњот, па одлучила да го изеде!

Норвешката тинејџерка се најде во средиште на скандал откако на Фејсбук објави дека го изела месото од сопствениот коњ.

Пиа Олден (18) примила смртни закани кога на друштвената мрежа напишала дека тоа е најубавото месо што некогаш го пробала.

Објаснила дека нејзиното семејство во замрзнувачот сочувало филети од нејзиниот пастув, кој во 2018 година бил успиен поради болест, пренесува Дејли мејл.

Норвешката јавачка и идна готвачка чии родители се земјоделци во Тронделаг, Норвешка, го подготвила месото со чили и манго и напишала:

„Ако веќе јадам ждребешко, нека биде од мојот коњ.“

За норвешкиот весник „Дагбладет“ изјавила:

„Многумина ми напишаа дека заслужувам смрт зашто си го изедов сопствениот коњ, еден ми напиша дека треба да ми го одземат правото да поседувам животни“.

Прочитајте и...  Хороскоп за 29 мај - Овните ќе се збогуваат со лошото расположение, Рибите ќе го добијат заслуженото признание

Пиа Олден истакнува дека нејзините најжестоки критичари се нејзини колешки од коњичките спортови, но вели дека тоа бил најдобриот начин да му оддаде почит на својот коњ.

„Зарем подобра опција е коњот да биде закопан и да го изедат црви?“, се прашува Пиа.

Исто така тинејџерката тврди дека поради фактот што пораснала на фарма има пореалистичен однос кон животните и поинаков однос кон месото од оние што ја критикуваат.

Прочитај повеќе

Бујно деколте и долги нозе: Јелена Карлеуша во бомбастично издание за снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Слободен Печат

Пејачката Кајли Миног го прослави својот 52-ри роденден! (ФОТО)

Слободен Печат

Вереницата на Кристијано Роналдо не престанува да провоцира: Објави фотографија од која ќе се препотите (ФОТО)

Васко Спасоски

Трикот на Клои Кардашијан за постигнување совршен задник! (ФОТО)

Слободен Печат

Ретко објавува ваква фотографија: Погледнете зошто Анастасија Ражнатовиќ доби стотици комплименти! (ФОТО)

Васко Спасоски

Музичката икона Шер и на 74-годишна возраст изгледа како млада девојка: Сите знаеа дека ќе стане позната! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Атрактивната Вики го сруши интернетот со снимка на која „виси“ од зграда: Сега позираше скроз гола! (ФОТО)

Васко Спасоски

Соседите сигурно уживаат: Хајди Клум дома се сонча гола! (ФОТО)

Васко Спасоски

Прво бараше да им се помогне на музичарите, а сега купи автомобил од 50.000 евра: Неда Украден се поднови со нов „ѕвер“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Моден камелеон: Сите стилски трансформации на Шарлиз Терон! (ФОТО)

Слободен Печат

Васил Тупурковски во „Еден на Еден“: Пријателите мислат дека Тито ми ги остави мене пурите! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Сопругата на Хју Џекмен беше исмејувана поради насловната страница на познатиот австралиски магазин! (ФОТО)

Слободен Печат