Тинејџерката го воодушеви светот, а сега ја доби наградата „алтернативен Нобел“

Младата активистка Грета Тунберг/Фото: Профимедиа

Младата 16-годишна шведска активистка против климатските промени, Грета Тунберг, во изминативе денови ја разбранува јавноста, а сега ја доби наградата „алтернативен Нобел“.

Шеснаесетгодишната Швеѓанка ја доби наградата за нејзините „инспиративни барања“ за итно дејствување против климатските промени, засновани на научни факти, наведуваат од Фондацијата која ја доделува наградата.

Тие исто така велат дека примерот на Грета, која е номинирана и за Нобелова награда, покажува дека секој има моќ да донесе промени, пренесува АП.

„Нејзиниот пример инспирираше и охрабри многу луѓе да бараат политичко дејствување“, велат од Фондацијата.

Наградата „Рајт Лајвлихуд“, која е основана во 1980 година, оваа година ја добија и активисти кои се залагаат за зачувување на Амазонија, за мир во Западна Сахара и за правата на жените во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот