Тинејџерка во Украина ја бранела мајка си од пијаниот татко, а тој ја полил со бензин и ја запалил

Фото: Принтскрин/АЦЦ

Таткото е уапсени за обид за убиство и се наоѓа во притвор, каде ќе го чека судењето кое е закажано за два месеци.

Ана (16) од Чернивци, на западот на Украина, има тешки изгореници на лицето и раката, откако нејзиниот 38-годишен татко дошол дома во алкохолизирана состојба и ја нападнал нејзината мајка Наталија (43). Таткото – чие име не е објавено – сакал да ја удри мајката, кога пристапила Ана и го зграбила за рака, пренесува српски „Курир“.

– Сакаше да ме удри, но Ана го фати за раката и рече: „Повеќе нема да ја повредуваш!“ – раскажа Наталија.

„Ја бутна настрана и истрча од куќата. Мислевме дека отиде да се прошета и да се издува, но по само неколку секунди се врати со шише полно со бензин и го истури во собата, на лицето на Ана и на вклучената рингла“, раскажува мајката.

Бензинот експлодирал во контактот со шпоретот и огинот брзо се проширил врз Ана и во собата.

– Лицето ѝ беше во пламен. Се обиде да го изгаси со сопствените раце – раскажува мајката.

За среќа на Ана, нејзиниот постар бран бил дома и го слушнал нејзиното врескање. Влегол во запалената соба и ја извлекол својата сестра надвор.

– Фрлав снег врз неа за да го изгасам огнот. Татко ни стоеше и гледаше. Му викнав да помогне, а тој рече: „Нека изгори ку**ата, не ми е гајле – раскажува братот.

Кога забележале дека гори и куќата, соседите побрзале да повикаат помош. Меѓутоа, патот бил во многу лоша состоба и возилото на итната помош не можело да ѝ стигне до куќата, па повредената Ана морала пеш да помине три километри до амбулантата.

Девојката е сместена во интензивна нега, со тешки изгореници на лицето, вратот, грлото и рацете.

– Делови од оштетената кожа треба да се отстранат од нејзиното лице и рака, бидејќи изгорениците беа премногу длабоки и епидермисот нема да се опорави – рече Игор Семенјук, директорот на локалниот Ургентен центар.

Лекарите рекоа дека на Ана ќе ѝ биде потребна операција за целосно средување на лицето.

– Се обвинувам себеси поради тоа што се случи. Би сакала да можам да го заменам местото со мојата ќерка – во солзи раскажува мајката.

По пожарот семејната куќа повеќе не е соодветна за живот, сета нивна сопственост е уништена. Се очекува Ана следниот месец да го помине во болница, а ќе ѝ биде обезбедено и стручно советување за полесно да се избори со страшниот настан и последиците од него.

Таткото е уапсени за обид за убиство и се наоѓа во притвор, каде ќе го чека судењето кое е закажано за два месеци.

– Сакаше да го убие целото свое семејство во пожар. Ако го прогласат за виновен, ќе добие доживотен затвор – изјави портпаролот на локалната полиција.

Вознемирувачките фотографии погледнете ги тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот