Тинејџерка од Кавадарци позитивна на Ковид-19

Илустративна фотографија/ Тинејџери во Градскиот парк во Скопје/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Шеснаесетгодишна кавадарчанка е позитивна на Ковид-19. Ова е најновиот регистриран случај на коронавирус во Центарот за јавно здравје во Кавадарци, во изминатите 24 часа.

Како што изјави за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, девојката не знаела како се заразила со вирусот.

Била со лесна клиничка слика и е на домашно лекување. Се работи на утврдување на лицата со кои контактирала, со цел нивна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот