ТИНЕЈЏЕРКА НАЈАВУВАЛА МАСАКР: Со калашников сакала да влезе во старото училиште и да убие 400 луѓе

Фото: Принтскрин

Алексис Вилсон (18) од Оклахома била уапсена во понеделникот откако на своите колеги на работа им најавила „луд поход“, во кој планира да убие барем 400 луѓе од своите старо средно училиште.

Покажувала снимки и слики на кои позира со пушка АК-47, популарен калашников, со кој сакала да го изведе масакрот, а како што истакнала, „во нејзиното старо школо имала доволно луѓе за тој потфат“.

Вилсон во повеже наврати била исфрлувана од разни училишта, бидејќи имала пракса за носење на нож и истакнување на фашистички знаци. „Ен-Би-Си“ пренесува пишан извештај, во кој стои дека таа била жртва на злоставување во средно пколо, па можеби и тоа е причината за крвавиот поход кој го планира.

Колегите од работа ја пријавиле во полицијата, која во нејзината спална соба пронашла калашников, како и дполнителни шаржери за пушката.

Вилсон била уапсена и моментално е затворена во Питсбург поради терористички закани. За неа е одредена кауција од 250 илјади долари, а и се закануваат барем 10 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот