Тинејџери се уапсени откако влегле во клубот на Трамп со калашников во ранец

Тројца тинејџери се во притвор во Флорида, откако влегле на имотот Мар-а-Лаго со калашников во ранец додека бегале од полицијата, пренесува Њујорк пост.

Момчињата кои имале 15 години биле забележани од полицијата во Палм Бич во петокот, паркирани на околу три километри од клубот на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ен-Би-Си.

Кога полицијата се приближила до возилото, тие избегале иницирајќи куса потера од автомобилот, се вели во извештајот. Тинејџерите на крај го оставиле своето возило во близина на Мар-а-Лаго и, наводно, носеле ранец во кој имало „калашников“ и избегале на имотот.

Клубското обезбедување ја пронашло торбата со пушката и шаржер со 14 куршуми, соопшти полицијата.

Кога полицаецот ги прашал момчињата за пушката, еден од нив, наводно, му рекол на полицаеот дека ја нашол. Сите тројца сега се соочуваат со обвиненија за нелегално влегување на приватен имот, вооружена провала и за давање отпор при апсење без насилство.

Полицијата вели дека тинејџерите не сфатиле оти се наоѓаат во одморалиштето на американскиот претседател и дека случајно завршиле таму во обидот да го избегнат апсењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот