Тинејџер се снима како пали во природа (ВИДЕО)

Млад скопјанец со запалка потпалува грмушки и го снима пожарот кој го предизвикал, а потоа овој чин самиот го објавил на социјалните мрежи.

На видеото не се гледа за која локација се работи, а истото е споделено на социјалната мрежа ТикТок – апликација која воглавно се користи за забавни видеа.

Граѓаните на социјалните мрежи масовно го споделуваат видеото со надеж дека надлежните органи ќе преземаат соодветни мерки.

Publiée par Marija Maca sur Mardi 4 août 2020

Полицијата може да го лоцира сторителот оглед на тоа што слика од лицето на момчето започна да се споделува на социјалните мрежи, откако била забележана на неговиот Тик-Ток профил.

Во моментов профилот на момчето е деактивиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот