Тинејџер јадел бургер на прославата на својот 18. роденден – еден час подоцна бил МРТОВ
Овен Кареј го славел својот 18. роденден во британскиот ланец на ресторани „Бајрон“, а додека го нарачувал бургерот, во кој една од состојките била павлака, го предупредил персоналот на неговата алергија на млечни производи.
Тие го увериле дека бургерот е прикладен за консумирање. Меѓутоа, тој добил алергиска реакција и за еден час починал.
– Починатиот го информирал персоналот за своите алергии, но никој не бил информиран за можните алергени во бургерот. Храната која ја консумирал содржела млечни производи кои му предизвикале силна анафилактичка реакција – навел патологот во пишаниот извештај.
Семејството на починатиот Кареј апелира и бара промени во законот, за во иднина да се избегнат слични ситуации.
– Ја контактиравме владата за да го променат законот за наведување на алергени на менијата во рестораните. Нашата цел е рестораните да мораат да имаат јасни информации за алергените кои ги содржат сите јадења на менито. Прехранбената индустрија мора да ја стави сигурноста на корисниците на прво место. Едноставно не е доволно да има закон кој се потпира на вербална комуникација меѓу клиентите и персоналот, поради фактот што во рестораните често многу гласно и комуникацијата е ограничена – соопштија членовите на семејството.
Ланецот „Барјон“ е еден од најпопуларните во Велика Британија со десетина локации ширум кралството.