Тина Тарнер – Кралицата на рокенролот наполни 81 година
Слободен печат
Пред
Profimedia
Кралицата на рокенролот, Тина Тарнер, вчера (26.11.2020) наполни 81 година. Освен што има неверојатни вокални способности, таа поседува енергија со која зрачи секогаш кога ќе застане на сцената. Иако секогаш е насмеана, Тина претрпела многу непријатности во животот.
Тина била жртва на злоставување од страна на поранешниот сопруг Ајк Тарнер, со кого била во брак од 1962 до 1978 година.
Profimedia
Го запознала Ајк во еден ноќен клуб кога имала 19 години и веднаш почнале да соработуваат, а првиот хит „River Deep, Mountain High“ ги искачил високо на топ листите. Но нивната соработка не била идеална.
ProfimediaАјк почнал да ја малтретира Тина секојдневно и многу често таа завршувала со крв и модринки.
„Ѝ удирав шлаканици на Тина. Без причина ја турнував на земја. Но не ја тепав баш толку како што кажува таа“, признал Ајк.
Profimedia
Додека биле на заедничка турнеја во Далас, Ајк ја претепал. Таа чекала да заспие, а потоа ставила очила за да ги скрие модринките и побегнала со 36 центи во џебот. Се скрила во блискиот мотел и со помош на адвокатот и неговите пријатели отишла во Лос Анџелес.
Ајк тогаш изјавил:„Може да добие сè, само моето име – не!“. Во 2007 година Ајк Тарнер починал од предозираност со кокаин.
Profimedia
Тина никогаш не ги заборавила деновите кога била во буквална смисла на зборот измачувана. Во 1985 година се запознала со музичкиот продуцент Ервин Бах, со кого се регистрирале во 2013 година.
Тина не се плаши од годините и продолжува напред. Пред неколку години изјави: „Педесетите се нови триесетти, а седумдесеттите нови педесетти. Нема правила дека годините ти диктираат како да се облечеш или како да се однесуваш. Престара сум да слушам како и што треба да направам. Сакам сега и тука“.Profimedia
Пред две години животот ѝ приреди уште еден болен момент – смртта на нејзиниот син Крег.
Тина за себе вели дека е силна жена која го преживеала разводот, но не допуштила тоа да ја скрши и покрај сите животни катастрофи.
Profimedia
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски оди во куќен притвор, одлучи Врховниот суд на Република Северна Македонија. По одржаната седница денеска Советот за казниви дела донесе решение со кое неговата жалба преку адвокатот Владимир Туфегџиќ се уважува, а притворот се заменува со куќен притвор и мерка на претпазливост. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber …
СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. …