Тимот на Трамп дал три милиони долари за повторно пребројување на гласовите во Висконсин

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Предизборниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп дал три милиони долари за повторно броење на гласовите во два округа во сојузната држава Висконсин за која тврди дека се забележани „најмногу нерегуларности“, иако тамошните власти наведуиваат дека немаат такви докази.

Трамп платил за повторно броење на гласовите во Милвоки и во Дејн и планира денеска да ја предаде потребната документација за отпочнување на процедурата за пребројување.

Во споменатите окрузи, повеќе гласови доби неговиот ривал од редовите на демократите, Џо Бајден. Според податоци што ги доставија локалните власти, Бајден во Милвоки и во Дејн освоил 577.455 гласа додека Трамп – 213.157. Инаку, Бајден победи во цел Висконсин.

Повторното броење би можело да почне утре, доколку биде одобрена процедурата.

Иако Трамп и други републиканци тврдат дека имало неправилности, изборната комисија на Висконсин и локални официјални лица тврдат оти немало извештаи за некои поголеми проблеми или прекршоци при гласањето.

Трамп не попушта: Бајден е принуден да бара информации по спореден пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот