Ковид-19 веројатно не потекнал од пазарот во Вухан, Тимот на СЗО за истражувањето во Кина

Светска здравствена организација
epa08998335 A screen grab from a handout video made available by the World Health Organisation (WHO) shows Food Safety Scientist Dr. Peter K. Ben Embarek during a press conference at Hilton Optics Valley Hotel, Wuhan, China, 09 February 2021. The international WHO team working to understand the origins of the Covid-19 addressed a press conference in Wuhan. EPA-EFE/WHO HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ковид-19 веројатно не потекнал од пазарот во Вухан, бидејќи е утврдено дека вирусот циркулирал на други места во градот, но малку е веројатно дека се работи за истекување од лабораторија, откри зедничката мисија на Светската здравствена организација (СЗО) и кинеските научници.

Зборувајќи на конференција за новинарите во Вухан, заедничкиот тим на СЗО и кинескиот тим рекоа дека веруваат дека пазарот во Хунан не е местото од каде коронавирусот, кој предизвикува ковид-19 преминал на луѓето.

Шефот на тимот на СЗО Петер Бен Емберек рече во вторникот дека неговата истрага открила нови информации, но дека драматично не ја променила сликата на избивање.

Ембарек, експерт за СЗО за вируси, рече дека хипотезата за истекување на вирусот од лабораторијата малку е веројатна и нема да бара натамошни проучувања како дел на неговата работа на проучување на потеклото на вирусот, пишува „Гардијан“

„Можеме да се сложиме дека во декември најдовме докази за поширока циркулација на вирусот. Не беше  само кластерот во Вухан, туку циркулирал и надвор од пазарот“, рече тој.

Рече дека тимот верува дека вирусот потекнува од животни, веројатно од лилјак или панголина, но посредните домќини кои му дозволиле да скокне на луѓето „Се уште не се индефикувани“, наведува „Јуроњуз“

Вирусот можел да циркулира и в други региони пред да биде идентификуван во централниот кинески град Вухан кон крајот на 2019 година, објасни експерт. Но, немаше докази за големи епидемии пред декември 2019 година во Вухан или на некое дрго место, според изјавата на портпаролот на Светската здравствена организација.

Тимот на СЗО од десет личности се наоѓа на терен во Кина и се обидува да го утврдат потеклото на вирусот, кој уби над два милиони луѓе ширум светот. Стручниот тим стигна во Кина на 14 јануари и сега заврши со своите истражувања во Вухан, градот во кој прв пат е потврден новиот вирус на 31 декември 2019 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот