Тимоние: Посакуваме отворање преговори, тоа ќе биде добро и за нас

фото: МИА

Амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Кристијан Тимоние денеска беше во посета на Гостивар за да присуствува на манифестацијата „Ден на франкофонијата” и притоа се сретна со градоначалникот Арбен Таравари.

На средбата Тимоние и Таравари зборувале за унапредување на соработката.

На новинарско прашање околу процесот за пристапување на земјава во Европската Унија и добивањето датум, Тимоние одговори дека тоа не е само политички маркетинг.

– Отпочнувањето на преговорите ќе биде добро и за нас, амбасадорите на западните земји. Ние посакуваме отварање на претпристапните преговори. Но, земјата треба навистина да е подготвена за тоа. Така што тоа нема да биде подарок, тоа треба да биде заслужен подарок во вашите раце, додаде Тимоние.

Тој присуствуваше и на деветото издание на манифестацијата „Ден на франкофонијата” во Центарот за култура АСНОМ.

Годинава покрај ученици од Гостивар настапија и ученици од Скопје, Тетово, Пехчево, Кавадарци, Лозово, Врапчиште и Добри Дол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот