Тимоние: Очекуваме зелено светло од Макрон за старт на преговорите

Очекуваме зеленото светло од претседателот Емануел Макрон, изјави францускиот амбасадор Франсоа Тимоние во Битола, а во врска со очекувањата на ставот на Република Франција околу определувањето датум за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Коментирајќи ја одлуката на германскиот Бундестаг, францускиот амбасадор во земјава нагласи дека секоја држава има свој систем на одлучување.

– Секој со својот систем. Ние го очекуваме зеленото светло од нашиот претседател на Републиката. Како и секогаш, ние многу споделуваме со нашите германски партнери за оваа тема. Имаме добар став кон вашата земја и кон сите напори што таа ги направи на регионален план. Ние, Французите и Германците многу добро знаеме дека треба уште многу, многу работа за реформите што се на хартија да станат реформи во реалност. Ќе направиме еден убав коктел меѓу реалноста и она што значи добар прием. Реалноста која треба да се поправи и дополни и секако она што ние го очекуваме, а тоа е добар прием од наша страна – изјави Тимоние.

Тој додаде дека 27 држави од ЕУ ќе дискутираат, може да се донесат добри одлуки, но тоа значи дека е потребна дискусија, многу дебатирање и многу компромиси.

Францускиот амбасадор Тимоние денеска беше во посета на гимназијата „Јосип Броз Тито” во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот