Тимоние: Го разбирам и чувствувам вашето разочарување (ВИДЕО)

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние одржа прес-конференција во француската резиденција во Скопје, на која истакна дека го разбира и чувствува разочарувањето на нашиот народ, кое го пренел и на француските власти.

-Откако ги надминавме емоциите, треба да размислуваме за она што следи потоа, тука сме за да ми поставите прашања за идната преспектива, за да ја подготвиме иднината на оваа земја. Го разбирам и чувствувам вашето разочарување, кое го пренесов на француските власти – рече амбасадорот.

Амбасадорот Тимоние на новинарско прашање, дали е свесен што направија неговите претпоставени во земјава, не можеше прецизно да одговори, па кажа дека не ги обвинува властите во Франција.

-Требаше да се разговара за реформите, а потоа се случи чудна промена, тоа е дека поради Преспанскиот договор требаше да се даде позитивна оценка, а тоа не е само од власта, туку и од земји-членки. Од фундаменталните аспекти, се најдовме со прашања од геополитичка или геостратешка точка. Тоа не беше француската перспектива. Мислам дека перспективата, која од секогаш била јасна во француската страна беше пренесена на грчките и македонските соговорници, а таа беше загубена по пат. Ако јас треба да ги објаснам емоциите, ќе кажам дека разбирам и чувствувам. Од една страна се силните емоции, но има и дипломатска страна, односно политички разговори за иднината на ЕУ, иднината која се подготвува во перспектива со нови земји-членки, но се прави и за куќата, ние разговараме за Брегзит но и за финансиите, а сето тоа влијае врз проширувањето – рече Тимоние на прес конференцијата.

Има разделеност помеѓу очекувањата, истакна Тимоние, но и ситуацијата во Брисел. Сето тоа беше поука за сите, за моите власти, но и за оние кои поради невнимание дале надежи, тие надежи остануваат наш фокус, но се работи за една етапа и тоа сакам да го изнесам преку вас до граѓаните.

-Тоа е широка тема затоа што ги следевме сите реакции, а првата беше разочарување, отсекогаш сме биле мошне претпазливи. Одредени дадоа ветувања и сега треба да понесат одговорност. Пред да се случат дискусиите, правата работа која ќе ви ја кажам, требаше да се разговара за реалната состојба за реформите, тоа беше на маса. Јас не ги обвинувам власите – рече Тимоние.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот