Тим спречи тениска класика во финалето на Ролан Гарос

Фото: EPA/Enric Fontcuberta

Новак Ѓоковиќ не доби шанса по втор пат во кариерата да биде актуелен шампион на сите четири Гран слем турнири. Најдобриот светски тенисер е поразен во полуфиналето кое се играше два дена од Дониник Тим и не доби шанса за нова 55. пресметка со Рафаел Надал. Австрискиот тенисер славеше со 3:2 во сетови и тоа со 6:2,3:6,7:5,5:7,7:5.

По вчерашниот прекин при 1:1 во сетови, денеска, Тим прв го зададе ударот, го доби третиот сет со 7:5 и најави дека е подготвен да го предизвика Ѓоковиќ.

Во четвриот сет, по почетните неколку брејкови од двајцата тенисери, Ѓоковиќ успеа да поведе со 4:2 но одговорот дојде многу брзо, Австриецот возврати со ри-брејк. Долгите поени редовно му припаѓаа на Доминик Тим, додека Ѓоковиќ се мачеше да го задржи својот сервис. Но и со таква игра успеа да обезбеди одлучувачки петти сет откако со 7:5 го доби четвртиот сет.

Тим веднаш направи брејк и поведе со 3:0, а при 4:1 во гемови, играта беше прекината поради дожд. Откако се стабилизира времето над Париз, Ѓоковиќ повторно успеа да се врати од мртвите и израмни на 5:5, но со неколку лоши сервиси му овозможи на Доминик Тим при 5:6 да направи брејк и за прв пат да се пласира во финале на Гран слем турнир, каде го очекува Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот