Тим се уште не може да го преболи поразот од Ѓоковиќ во Мелбурн

twitter/ATP Tour

Австрискиот тенисер е убеден дека се наоѓа на вистинскиот пат и дека наскоро ќе освои грен слем титула.

Доминик Тим досега во кариерата три пати играше во финалињата на грен слем турнирите и сите три ги загуби. Два пати подобар од него беше Рафаел Надал и тоа на Ролан Гарос, додека во неделата загуби од Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Австриецот своите неуспеси во финалињата на грен слем турнирите ги спореди со поразите на Енди Мареј.

– Енди Мареј ги загуби првите четири грен слем финалиња пред да ја освои првата титула. Надал е неверојатен на земја, Ѓоковиќ е најдобар на тврда подлога, додека Федерер и понатаму има шанси да триумфира на Вимблдон. Покрај нив тројца мора да се смета и на Александер Зверев, Стефанос Циципас и Данил Медведев – изјави Тим кој се уште не може да го преболи поразот во пет сета од Ѓоковиќ.

– Поразите од Рафаел Надал во Париз беа убедливи, таму немав никакви шанси. Овој пат бев многу блиску. Можеше да биде поинаку, лут сум на себе бидејќи никогаш не сум бил толку блиску.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот