Тим подобар од Федерер на завршниот Мастерс

twitter/ATP tour

Петтиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим во два сета со идентични 7:5,7:5 и му го нанесе третиот пораз во низа во меѓусебните пресметки.

Швајцарецот лошо го започна дуелот со Тим и уште во првиот гем на свој сервис дозволи противникот да му направи брејк, но веќе во четвртиот гем возврати и ја врати неизвесноста. Иако тоа претставуваше најава дека Федерер треба да го подигне нивото на игра, тој во 11. гем од првиот сет повторно го загуби својот сервис и му дозволи на Доминик Тим со сигурен сервис да дојде до првиот сет.

Во вториот сет и двајцата тенисери немаа многу шанси за брејк, Федерер ја пропушти единствената во четвртиот гем и казната го стигна во финишот. Повторно во 11. гем дозволи Австриецот да му го одзеде сервисот и потоа немаше сили да се врати во игра.

Во второто коло, во вторник Тим ќе игра против Новак Ѓоковиќ додека Федерер го очекува дуел со Беретини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот