Тим од Народниот правобранител го посетил Боки 13 во затвор

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Сместувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е на задоволително ниво, констатирал тимот од народниот правобранител кој вчера го посетил обвинетиот.

Повеќе од четири часа советници од кај Народниот правобранител Иџет Мемети вчера разговарале со Бојан Јовановски во затворот во Шутка.

– Во текот на вчерашниот ден тим на Народниот правобранител изврши посета и направи увид во целокупната документација во Затвор „Скопје“, при што констатирано е дека сместувањето и третманот во притворското одделение спрема лицето Б.Ј. се на задоволително ниво, односно дека затворот ги почитува пропишаните процедури за третман на лице кое е во притвор – велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Тимот направил детален увид и се задржал во Шутка до доцна попладнево, а дополнително најавуваат дека останува да се провери и во Клиниката за гастроентерохепатологија, дали се испочитувани протоколите согласно медицина базирана на докази.

Имено, стручни лица од ДСЗИ по објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатот на Бојан Јовановски, кој обвини за лекарска негрижа, во однос на здравствена состојба на Јовановски, извршија вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во склоп на истражниот затвор „Скопје“, а е дел од Ј.З.У. Здравствен дом Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска ја информираше јавноста дека по извршените проверки не констатирал проблеми или недостатоци во давањето здравствени услуги за притворениот Бојан Јовановски, обвинет во аферата „Рекет“.

Бојан Јовановски е во притвор од 15ти јули кога обвинителството ја отвори истрагата за случајот “Рекет”. Од поминати 120 дена во притвор, Јовановски досега бил 30 пати на преглед во болница. Вчера од одделенијата каде беше Јовановски демантираа дека не му била пружена медицинска помош и дека не биле извршени потребните лекарски прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот