Тим: Неверојатно е што прават Ѓоковиќ и неговиот тим

Австриецот му честита на Ѓоковиќ за неверојатното постигнување, осмата титула на Австралија Опен.

Ѓоковиќ има перфектен скор на терените во Мелбурн, во осмото финале го освои освиот трофеј. Овој пат, тој беше подобар од Доминик Тим во пет сета со 6:4,4:6,2:6,6:3,6:4 за три часа и 59 минути угра.

– Честитки за Новак, ова е неверојатно постигнување. Честитки за целиот негов тим, неверојатно е тоа што го правите. Новак заедно со Рафа и со Рожер го подигна тенисот на едно нов ниво, и јас сум среќен што се натпреварувам во ова време заедно со нив. Малку ми фалеше да за победам, но се надевам дека ќе дојде и моето време – истакна Тим кој не заборави да потсети за неколкумесечната војна на Австралија со големите пожари кои беснееја низ целата држава.

– Сите видовме дека постојат поважни работи од тоа што ние го правиме. Тешко е да се види низ што помина целата држава, Австралија Опен само го одвлече вниманието во последните недели. Но, Австралија е толку убава, многу луѓе се погодени од пожарите и се надевам дека вакво нешто нема да се повтори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот