Тим ќе го предизвика Ѓоковиќ за титулата на Австралија Опен

twitter/#AusOpen

Австрискиот тенисер Доминик Тим се пласира во финалето на Австралија Опен откако во второто полуфиналето со 3:1 во сетови го совлада Александер Зверев.

Петтиот носител славеше со 3:6,6:4,7:6,7:6 и во неделното финале ќе игра против бранителот на трофејот, Новак Ѓоковиќ кој пак во првото полуфинале го совлада Рожер Федерер во три сета.

Ѓоковиќ води со 7:4 во меѓусебните дуели, но Тим е поуспешен во последните три пресметки.
Австриецот до седмата победа во деветиот меѓусебен дуел со Зверев дојде благодарение на подобрата игра во одлучувачките моменти во третиот и четвртиот сет.

Александер Зверев подобро влезе во дуелот, уште во првиот гем направи брејк, но Тим експресно одговори со ри брејк. Потоа во финишот на сетот, во седмиот гем, Германецот по втор пат го одзема сервисот на противникот, а сетот го затвори со уште еден брејк за триумф од 3:6.

Во вториот сет, обратна слика, Доминик Тим беше подобар тенисер и токму тој два пати направи брејк за 6:4 и израмнување во сетови.

Третиот и четвртиот сет поминаа во израмнета игра на двајцата тенисери и победникот го одлучуваше тај брејкот. Во тие моменти помалку грешеше Тим и успеа да ги добие двата сета со кои обезбеди прв пласман во финалето на Австралија Опен, а трето грен слем финале во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот