Тим или Надал: Кој до круната на „Ролан Гарос“?
Шпанскиот ас како фаворит од повеќе причини ја има фаворитската улога во завршната битка против австрискиот натпреварувач.
Надал има многу поголемо искуство во финалните мечеви, дури 11 пати го освојувал турнирот во Париз, а воедно имаше и еден ден повеќе за одмор.
?? ⚡️ ??
Nadal-Thiem, le nouveau "Clasico" de la terre battue.#RG19
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 9, 2019
„Кралот на земјата“ во својот полуфинален меч без поголеми проблеми со 3:0 го елиминираше својот голем ривал и пријател Роџер Федерер.
Тим успеа во дуел кој траеше два дена со многу поради лошите временски услови и во пет сета преку првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето.
Двајцата тенисери до сега се сретнале вкупно 12 пати и двојно повеќе триумфи има Надал кој моментно води со 8:4 во меѓусебните пресметки.