Тим и Димитров ќе учествуваат на турнирите во организација на Ѓоковиќ

Првиот тенисер на АТП ранг листата успеа да договори врвни тениски имиња кои ќе учествуваат на регионалниот „Адриа Тур“ кој ќе се огра на некоплку локации од 13. јуни до 5 јули.

Новак Ѓоковиќ е главен организаторт на „Адриа Тур“ кој ќе се игра во неколку градови во регионов. Првиот турнир ќе се игра на 13. и 14 јуни на терените на ТЦ Новак, потоа тенисерите се селат во Задар (20. и 21. јуни), па во Црна Гора (27. и 28. јуни) и Бања Лука на 3. и 4. јули. Покрај тоа, Ѓоковиќ планира на 5. јули во Сараево да одигра егзибициски натпревар против Дамир Џумхур.

Засега две големи тениски ѕвезди го потврдија учеството на овие турнири, третиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим како и Бугаринот Григор Димитров кој моментно е 19. на ранг листата.

Според планот на натпреванрување, осум тенисери ќе бнидат поделени во две групи и во првиот ден ќе играат во два натпревари во својата група. Наредниот ден е планирано да се игра финалето помеѓу најдобрите двајца тенисери од двете групи. Натпреварите ќе се играат без присуство на публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот