Тим ги шокира своите колеги: Тенисерите не се борат за живот, зашто да им ги давам моите пари

twitter/#AusOpen

Финалистот на Австралија Опен и трет тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим, не се согласува со предлогот на Новак Ѓоковиќ да им се помогне на послаборангираните играчи.

Иако многумина го поддржаа предлогот на Новак Ѓоковиќ, а АТП, ВТА и ИТФ најавија дека наскоро ќе формираат фонд за помош на послаборангираните тенисери, Тим кој моментно се наоѓа во карантин во својот дом во Австрија вели дека не е во ред да ги дава своите пари на другите.

– Никој од послаборангираните тенисери не мора да да се бори за својот живот. Видов многу тенисери, посебно на ИТФ турнирите кои не се посветени 100% на овој спорт. Многу од нив се непрофесионални и не гледам причина зашто да им ги дадам моите пари – изјави Тим за весникот „Кронен цајтунг“.

Австриецот планира да им помогне на луѓето на поинаков начин.
– Нема ниту една професија на светот во која големите примања и успех ви се загарантирани уште на самиот старт од кариерата. Никој од најдоброрангираните тенисери не добил ништо на готово. Сите ние моравме да се помачиме и да се бориме за да бидеме тука каде што сме – додава Тим.

Видео на денот