Тили Витфелд си го уништила лицето со козметички третман: Ѕвездата на австралискиот „Big brother“ завршила во болница

Instagram
Instagram

Козметичките третмани и совети за нега на кожата кои се активни на социјалните мрежи некогаш знаеме да ги направиме во нашиот дом и да бидеме задоволни од истите. Сепак, некои од нив треба да ги препуштиме на професионалците.

Ѕвездата на австралискиот „Big brother“, Тили Витфелд, целосно го уништила лицето со козметички третман кој го нашла на социјалната мрежа „Тик – Ток“. Таа објаснила дека поради тоа завршила во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T I L L Y 🍒 (@tillywhitfeld)


„Вака изгледаше моето лице само една недела пред да влезам во куќата, а сега ставам многу шминка или ставам маска од глина за да го сокријам тоа“, напишала студентката покрај фотографијата на која лицето ѝ е со црвени лузни.

Проблемот со акните се обидела да ги реши со бројни третмани и пробувала се што и било понудено. На ТикТок го пронашла козметичкиот третман од една девојка која тврдела дека знае како да се ослободи од акните на лицето и ја советувала сама да направи третман со акупунктура во домашни услови, а Тили ја послушала. Се испоставило дека тоа било нејзината најлошата одлука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T I L L Y 🍒 (@tillywhitfeld)


Веднаш по „третманот“ завршила во болница со отоци и изгореници на лицето, а претрпела и оштетувања на видот.

По ова искуство, таа само едно им порачала на своите следбеници.

„Не ги слушајте советите во кои се препорачува дома да направите нешто што инаку би требало да го прават експерти во салони за убавина“, изјавила Тили, која сега се кае што некогаш помислила дека советот од интернет би ѝ бил од помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот