Тиктокерка објави шокантно видео: Ти го уби мојот син, нема да престанам додека не те најдам

Офилија Николс,
Офилија Николс / Фото: Принтскрин/ТикТок

Офилија Николс, која на платформата „ТикТок“ ја следат речиси седум милиони корисници, на својот профил објави шокантно видео во кое открива дека нејзиниот син бил убиен само еден ден пред неговиот 19-ти роденден.

„Го снимам ова видео со причина. Ме следат речиси седум милиони луѓе. Некој треба да знае нешто“, започна таа… „Денеска син ми ќе полнеше 19 години, но, синоќа ми го одзедоа… И на мојот сопруг и ќерка ми, на моето семејство. Мојот син беше убиен, пукаа во него“, продолжи Николс.

 

@shoelover99You will be found! You will reap what you sow in this world. You may not be caught now but its coming. I hope you see my sons face eveyday of your life♬ original sound – ophelia 🦋

„Чувствувам толкава омраза во срцето, што не можам да разберам затоа што никогаш никого не сум мразела. Убиецот сè уште е на слобода, живее и дише. Нема да престанам додека не го најдам и не биде осуден“, рече таа.

Потоа покажа фотографија во рамка на која позира со својот син.

„Сакам да го погледнеш мојот син. Тоа е мојот син и ти го одзеде од мене. Погледни го неговото лице бидејќи јас никогаш повеќе нема да го видам… Ве молам, ако некој знае нешто, помогнете ми“, заклучи таа во солзи.

Видео на денот