Тијана Дапчевиќ заврши на операција, болеста ја наследила од мајка ѝ

Фото: Инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Македонската поп-пејачка Тијана Дапчевиќ се соочила со сериозен облик на проширени вени, состојба што ѝ предизвикала бројни здравствени компликации, пишува босанскиот медиум „Дневни аваз“.

Како последица на сѐ, таа морала да изврши операција на нозете. Со цел да им помогне на другите луѓе кои се соочуваат со оваа болест, Дапчевиќ решила да го сподели своето искуство.

„Имав ‘крофни’ на нозете. Тоа се случува кога ѕидот попушта, а во еден момент попушти, а јас го карактеризирав како да имам ‘крофни’ на нозете. Сепак, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми беа отечени, имав болки, ноќе ме будеа грчеви… Кога извршив преглед, лекарката ми рече: ‘Ова требаше да го направиме пред една година, не знам што чекаш’“, раскажала таа.

Исто така, таа споделила дека болеста ја наследила од нејзината мајка, Брана Тодевска.

„На шега знам да кажам: ‘Мамо, од тебе не наследив куќа, нива, кули, туку проблем со моите вени’“, рекла Дапчевиќ, шегувајќи се.

Како што објаснила пејачката, операцијата не била комплицирана, но овој зафат ѝ помогнал да реши долгогодишен проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот