Тијана Дапчевиќ го напушта Белград: Конечно ќе ѝ се оствари желбата да има куќа и двор

Instaghram

Тијана Дапчевиќ одлучи да направи крупна промена во животот. Таа со сопругот Милан и синот Вук планира да го напушти Белград и да се пресели во Сомбор, пишуваат српските медиуми.

Пејачката последниве години постојано е на релација Скопје-Белград и обратно бидејќи често доаѓа во Скопје за да ги посети нејзините родители и сестра ѝ Тамара Тодевска. Исто така Тијана често е во Македонија и поради нејзиниот ангажман во серијата „Преспав“.

Тијана сака помирно место, почна да ѝ пречи оваа гужва во Белград, па таа и Милан одлучија да се преселат во Сомбор каде што купија голем имот. Сопругот на Тијана е од Сомбор, па се поврзани за тој град. Таму е помирен животот, а имаат план да развијат и бизнис, но полека, допрва треба куќата да се гради – тврди извор за „Стар“.

Милан со години наназад се занимава со земјоделие, па планира и да продолжи во таа насока, а во Сомбор ќе ги има сите услови да го прошири бизнисот. Тијана пак долго фантазира да има куќа и двор и тоа сега ќе ѝ се оствари – додава изворот.

Тијана со сопругот Милан и синот Вук/Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот