Тијана Бошковиќ, МВП на ЕП: Не се дишеше во салата

фото: cev.eu

Селекцијата на Србија во финалето на ЕП кое се играше во Анкара пред 13.000 навивачи со 3:2 ја совлада Турција и ја одбрани титулата освоена пред две години.

Тијана Бошовиќ во финалето имаше 23 поени и е сосема заслужено прогласена за МВП на првенството.

– Беше тешко да се дише во салата во Анкара, а не пак да се игра пред ваква публика. Турција беше фантастична, но ние бевме подобри. Успеавме да победиме и покрај големиот притисок од навивачите кои ги носеа домашните одбојкарки. Ова е втора титула за нас по ред и поради тоа сум среќна и горда – изјави Бошковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот