Тијаго Силва го кани Нејмар во Челси

Нејмар може да си оди од ПСЖ/ фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Дефанзивецот на Челси и на бразилската репрезентација, Тијаго Силва изјави дека „Стемфорд бриџ“ е идеалнна средина за неговиот поранешен соиграч во ПСЖ, Нејмар.

Со потпишувањето на новиот договор со Килијан Мбапе и доаѓањето на Луис Кампос на позицијата спортски директор на ПСЖ, сопствениците на клубот одлучија да се ослободат од Нејмар кого го сметаат за главен виновник за лошата атмосфера во соблекувалната.

Тие веќе го понудија Нејмар на Јувентус, но италијанскиот тим ја одби понудата бидејќи немаат пари да ја плаќаат огромната плата (35 милиони евра) на Бразилецот.

Поради тоа, челниците на ПСЖ размислуваат на заинтересираните екипи да им понудат да покријат дел од платата на Нејмар, и тогаш сосема реално изгледа преселбата на Бразилецот на „Стемфорд бриџ“.

Челси пред неколку месеци се поврзуваше со евентуален трансфер на Нејмар, а Тијаго Силва смета дека „сините“ се идеален тим за Нејмар доколку си замине од ПСЖ.

– Нејмар мора да дојде во Челзи. Ако тоа се случи, тоа ќе биде најдобрата опција за сите. Засега не знам ништо, но се надевам дека ќе се оствари – изјави Силва за бразилските медиуми во Ресифе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот