Тихановскаја: Жените покажаа отпор и сила на карактер, можеби жена ќе дојде на чело на Белорусија

Белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја изјави дека не знае кој би можел да ја заземе претседателската функција по новите избори во Белорусија, но имајќи предвид дека сите белоруски жени кои излегоа на улиците „покажаа отпор и сила на карактер”, на чело на државата може да дојде и една жена.

– Протестите против изборите, чиј исход во корист на сегашниот владетел сè уште се опишува како изманипулиран, ги зголемија шансите за една жена на кормилото на државата, рече Тихановскаја за Дојче веле.

Пред демонстрациите, малку граѓани размислуваа за прашањето за правична распределба на државните позиции, но тоа, според Тихановскаја, се смени.

– Можеби една жена навистина ќе стане претседател. Затоа што жените покажаа дека понекогаш се посилни од мажите, рече Тихановскаја која по изборите избега во Литванија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот