Тихановскаја се враќа во Белорусија, тврди нејзината овластена претставничка

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Светлана Тихановскаја, за која се уште протекуваат докази дека победила на претседателските избори во Белорусија, а сега е пребегана во странство, наскоро ќе се врати во земјата, изјави денеска нејзината овластена претставничка, Олга Ковалкова.

Како што потсетува Тасс, на 10 август, ден по изборите, Тихановскаја избега во Литванија откако нејзината безбедност беше загрозена.

Тихановскаја: Донесов тешка одлука да ја напуштам земјата и знам дека многу ќе ме мразат за тоа

-Таа не планираше да замине, и затоа сум сигурна дека наскоро ќе се врати – рече Ковалкова.

Според официјалните резултати, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,1 отсто од гласовите, додека Тихановскаја, како негов главен ривал, освои 10,12 отсто.

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

По тврдењата за изборна кражба во Белорусија избија масовни протести што се уште траат, документирани се повеќе случаи на невидена полициска бруталност над демонстрантите.

Опозицијата не ги прифаќа официјалните изборни резултати и смета дека Тихановскаја е избрана претседателка до одржувањето на нови избори.

Додека на улиците во Минск протестираат 200.000 демонстранти, на државна телевизија има руски концерт (ВИДЕО)

Лукашенко прогласен за персона нон грата во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот