Тихановскаја: Подготвени сме да му дадеме безбедносни гаранции на Лукашенко

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Поранешната кандидатка за претседателка на Белорусија, Светлана Тихановскаја изјави дека опозицијата е подготвена да му пружи „безбедносни гаранции” на претседателот Александар Лукашенко ако мирно се повлече од функцијата.

Таа одговарајќи на новинарско прашање дали ќе му бидат дадени безбедносни гаранции на Лукашенко ако мирно се повлече од власта, Тихановскаја истакна дека за тоа може да се разговара.

Секако, ако мирно замине, постои таква можност, дури можам да кажам и убедување. Морам лично да зборувам во име на сите луѓе, а нивното мислење ќе биде земено во предвид во овој случај, наведе Тихановскаја.

Таа додаде дека Лукашенко може да добие и повеќе.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнаа на 9 август, по претседателските избори на кои Лукашенко прогласи победа со освоени 80,1 отсто од гласовите. Опозицијата тврди дека резултатите се лажирани. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот