Тихановскаја откри кога планира да се врати во Белорусија

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

На претседателските избори што се одржаа во Белорусија, на 9 август, Лукашенко победи со околу 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја, која освои 10 отсто од гласовите, следниот ден побегна во Литванија.

Светлана Тихановскаја, главниот противник на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори, денеска изјави дека од Литванија ќе се врати во Белорусија кога ќе се чувствува безбедно.

На денешната прес-конференција во Вилнус таа изјави дека народот во Белорусија сака да се одржат нови избори, кои би биле слободни и фер, пренесуваат британските медиуми.

На претседателските избори што се одржаа во Белорусија, на 9 август, Лукашенко победи со околу 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја, која освои 10 отсто од гласовите, следниот ден побегна во Литванија поради закани по нејзиниот живот.

По објавувањето на изборните резултати, избувнаа масовни протести во Минск и другите белоруски градови, што предизвика судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот