Тихановскаја очекува преговори со власта на Лукашенко

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Опозициската кандидатка на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, изјави дека наскоро очекува да почне дијалогот со властите на претседателот Александар Лукашенко, пренесува полски дневен весник „Газета Виборша”.

Белорусија се соочува со најголемиот предизвик по напуштањето на Советскиот Сојуз, бидејќи десетици илјади незадоволни граѓани секојдневно протестираат и ја отфрлаат победата на Лукашенко на претседателските избори на 9 август, потсетуваат  британските медиуми.

Додека опозицијата бара преговори за трансфер на власта, белоруските власти ги обвинуваат демонстрантите за илегален обид за заземање на власта.

Тихановскаја веќе изјави дека нема повторно да се кандидира доколку се распишат нови избори, но не исклучува дека нејзиниот сопруг ќе се кандидира.

-Прерано е да се зборува за тоа. Примарната цел се новите избори, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот