Тихановскаја го бара Макрон за посредник за решавање на кризата во Белорусија

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја го повика францускиот претседател Емануел Макрон да биде „посредник, кој е многу потребен” за решавање на кризата во Белорусија.

– Многу ни е потребен посредник за да го спречиме натамошното пролевање крв. Макрон би можел да биде тој посредник и да влијае врз рускиот претседател Владимир Путин, со кого е во добри односи, истакна Тихановскаја.

Таа побара средба со Макрон, кој денеска и утре престојува во Вилнус.

Главната противничка на Александар Лукашенко на изборите замина во Литванија веднаш по гласањето.

Белорусија ја зафати политичка криза по претседателските избори, кога во земјата започнаа масовни антивладини протести, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 отсто гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот