Тихановскаја: Белоруската опозиција не е контролирана од странство

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Белоруската опозиција не се контролира од странство, објави денеска опозициската кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја на нејзиниот канал „Телеграм” пред најавениот состанок со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Опозицијата не се контролира од странство. Не ја контролираат од Русија, рече Тихановскаја.

Според неа, пред два месеца, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко го обвини нејзиниот сопруг Сергеј Тихановскиј, кој во моментов е во притвор, за организирање масовни протести, координирани од Русија.

– Сега, претседателот Лукашенко се предомисли и ја обвини Европа, додаде Тихановскаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот