Тихановскаја бара од САД и Г-7 да се преземат мерки против Лукашенко

Белоруската опозициска лидерка во егзил Светлана Тихановскаја ги повика САД и Г-7 да преземат мерки против режимот на претседателот Александар Лукашенко, кој пренасочи патнички авион за да уапси опозициски новинар.

Таа вчера разговараше со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан.

– САД во координација со Европската унија и другите сојузници и партнери ќе бараат одговорност од режимот на Лукашенко, рече Саливан.

Тихановскаја денеска ги повика САД „да го изолираат режимот и да извршат притисок со санкции”. Таа, исто така, апелираше до Г7 за „учество на белоруските демократски сили” на самитот на групата следниот месец во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот