Тигри се кријат во куќи на луѓе по монсуните во Бангладеш

Една од најголемите реки во Бангладеш, Џамуна синоќа се излеа од коритото и поплави најмалку 40 села во северниот дел на земјата, поради што се раселени повеќе од 200.000 луѓе, додека во соседна Индија поради монсунските дождови домовите ги напуштиле околу шест милиони луѓе.

Според последните податоци, во две индиски држави Бихар и Асам настрадале 97 лица.

Се наведува дека во овие индиски држави обилните дождови и поплавите траат од минатата недела, поради што дури и дивите животни бараат засолниште во домовите на луѓето.

Еден возрасен тигар денеска е пронајден како спие во куќа која се наоѓала во близина на животински резерват.

Властите стравуваат дека ловокрадците би можеле да се обидат да ја искористат ситуацијата и за време на поплавите да почнат да ловат заштитени животни како што е еднорогиот носорог, вид од кој има само уште 3.500 примероци во целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот