Тигар стар 14 години почина од ковид во зоолошка градина во Охајо

Фото: Архива

Тигарот Јупитер стар 14 години почина од здравствени компликации предизвикани од ковид, откако беше заразен во зоолошка градина во Охајо, соопштија официјални лица.

Амурскиот тигар почина откако официјални лица од зоолошката градина Колумбус потврдија дека тој добил пневмонија предизвикана од Ковид, пренесува ABC.

„Во средата, на 22 јуни, медицинскиот тим на Јупитер пријавил дека тигарот не се чувствува добро. Тој не бил заинтересиран за храна, безволно стоел, не се движел и не реагирал на чуварите. Кога така продолжил и наредниот ден Јупитер го однеле на преглед и лекување. Првите прегледи покажале дека има инфекција па почнало лекување.За жал состојбата на Јупитер не се подобрила и продолжил да одбива храна и да се движи. Следниот ден отишол на повеќе испитувања. Починал во неделата и е првото животно во зоолошката градина Колумбус кое подлегна на Ковид-19“, напишаа од зоолошката градина на социјалните мрежи.

Зоолошката градина Колумбус бара од персоналот кој работи со мачки, мајмуни и видри да носи маски секогаш кога се на неколку метри од животните.

„Негователскиот тим Јупитер го памети како импресивен тигар кој сакал риби, спиел во пештерско живеалиште, си играл со картонски кутии… Се сеќаваат и како граделе доверба преку тренинзите со Јупитер, како и неговиот пријателски однос со тигрите Наташа и Маро“, напишаа од зоолошката градина.

Јупитер е роден на 9 јули 2007 година во зоолошката градина во Москва во Русија, но заврши во зоолошката градина Колумбус во март 2015 година. Јупитер оставил наследство и добил девет младенчиња за време на неговиот живот. Шест младенчиња се родени во зоолошката градина Колумбус.

Официјални лица велат дека Јупитер придонел за иднината на неговите загрозени видови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот